Градоначалникот на општина Јегуновце Димитар Костадиноски преку статус на Фејсбук пишува дека се чисти дивата депонија во Сиричино.
-Денес работиме на чистење на дива депонија во Сиричино
Во соработка со општинското јавно претпријатие и расположливата механизација исчистена е дива депонија на атар во Сиричино што со години беше проблем за локалното население.
Чистењето на дивата депонија е по барање на жителите, а ние како локална власт превзедовме мерки за решавање на проблемот. Континуирано ќе се чистат и уредуваат дивите депонии и јавен простор во сите населени места во општина Јегуновце.
Со долгорочна инвестиција во механизација за јавното комунално претпријатие штедиме на буџетски средства, а истовремено механизацијата ќе ја користиме за голем број на потреби од надлежност на општината и комуналното претпријатие.
Покрај нашата активност, потребна е поголема претпазливост од жителите и затоа апелирам да не се депонира отпадот и сметот на јавни места и да не се создаваат диви депонии, стои во неговиот пост на Фејсбук.