Денеска се наоѓаме во населено место Жилче, општина Јегуновце да посетиме некои од проектите кои беа реализирани во изминатиот период од кога станав градоначалник на општина Јегуновце и проекти кои се во тек и проекти кои во наредниот период, во тековната година ќе бидат реализирани, изјави Димитар Костадиновски, градоначалник на општина Јегуновце.
Денеска во посета на општина Јегуновце, исто ни е чест и задоволство што е со нас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, сите членови на Советот на општина Јегуновце, граѓани од населено место Жилче и другите населени места на територија на општина Јегуновце. Исто и на мое задоволство гостин е и градоначалникот на општина Брвеница и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Велјановски.
Како што најавив сега и се наоѓаме во основното или подрачното училиште во населено место Жилче каде што беше реализиран проектот реконструкција на внатрешниот дел на училиштето и поставување или замена на постоечкото загревање со нова технологија односно поставување на парно со топлинска пумпа. Во ова измината една година се посветивме посебно на образованието, на образовниот процес каде што инвестираме во неколку населени места, поточно во повеќе подрачни училишта во тие населени места со тоа што да се подигне нивото на образованието за нашите најмлади да имаат подобри услови за образование.
Од проектите кои беа реализирани во изминатиот период од повеќе од една година, најголем проект и најзначаен проект кој беше реализиран во овој период беше проектот изградба или обезбедување на чиста и здрава вода за пиење за населените места Жилче и Шемшево. Овој проблем беше децениски проблем со кој се соочуваа населени места Жилче и Шемшево и мое задоволство ете што успеав за овој краток период заедно со администрацијата, заедно со жителите од овие населени места, посебно со јавното комунално претпријатие на општина Јегуновце да успееме сами да го изработиме тој проект, да го реализираме и да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење. И мислам дека тоа е историски и суштински проект кој во иднина ќе продолжиме таквите проекти да ги реализираме и во другите населени места на територија на општина Јегуновце.
Од проекти кои беа позначајни, бевте и сведоци самите, беше пуштена градинка во населено место Прељубиште, во која одат нашите најмили и кои имаат добри услови за децата. Исто имаме проект сега кои ќе почнат во фаза, парк во населено место Туденце, оградување на библиотеката во населено место Прељубиште, имаме локален пат во населено место Вратница кој во тек е исто како што кажав за образованието тече постапка и е завршена за неколку подрачни училишта во Копанце, Сиричино исто за поставување на топлинска пумпа и за реновирање на внатрешниот дел на училиштата кои се надевам дека успешно ќе ги завршиме.
Мислам дека во овој период имаме исто одобрено средства за асфалтирање на патот кој води во Жилче и во населено место Рате кој ќе почне за многу брзо од сега да реализира. Исто и во населено место Рате ќе започнеме со поставување на дел од фекална канализација на делот од селото, каде што на истото ќе биде и поставен и реконструиран патот кој ќе биде од огромно значање и за жителите на населено место Рате, рече Костадиновски.