Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните. Општина Јегуновце денес е отворена и транспарентна институција, а јас како градоначалник сум постојано достапен за контакт со граѓаните, вели градоначалникот на општина Јегуновце од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Костадиновски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.
Костадиновски изјави дека преку постојана комуникација со граѓаните ги слуша нивните проблеми, но и дека заеднички се соочуваат со предизвиците и проекти.
Тој се пожали и на лошиот однос од страна на централната власт, односно како што истакна општина Јегуновце е единствен субјект кој нема никаква поддршка во однос на енергетската криза, додавајќи дека од буџетот на општината ќе се потрошат средства кои наместо да бидат инвестирани во канализациони и водоводни мрежи ќе се потрошат за електрична енергија.
-Општина Јегуновце како и сите други општини се единствени субјекти кои немаат никаква поддршка од државата во однос на енергетската криза, општината се очекува да потроши големи сопствени средства за електрична енергија, средства коишто би можело да се инвестираат во канализации, водоводи, улици, додаде Костадиновски.
Костадиновски наброи голем дел на проекти кои што за овие 100 дена се започнати или завршени, додавајќи дека е вратено во функција општинското јавно претпријатие „Јегуновце“, набавен е багер, а во постапка е набавка на камионет за потребите на институцијата.
-Во ЈОУДГ „Јаболчиња“ поставена е топлотна пумпа со систем за греење. Во постапка е страничното оградување на детската градинка, партерно уредување на дворот на градинката со детски реквизити, во тек е оградување на деспирзираната градинка во Прељубиште, доделени се ваучери на спортисти, како и доделени се ваучери на учениците, потенцираше тој.
Завршена постапка за изградба на инклузивен парк за деца во село Јанчиште, завршена постапка за изградба на инклузивен парк за деца во с. Јегуновце, вели Костадиновски.
-Ќе се започнат работи за враќање во функција на фудбалскиот стадион. За прв пат воведовме дигитално плаќање на административните такси и даноци. За потребите на секундарната водоводна мрежа набавени се цевки за санација на проблемите во водоводна мрежа. Завршена изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до село Шемшово, додаде Костадиновски.
Во однос на 2022 година, Костадиновски нагласи дека и во следниот период ќе продолжи да работи во интерес на жителите на општина Јегуновце, додавајќи дека ќе се започне со изградба на нов резервар за вода и замена на постоечката мрежа во с. Прељубиште, изградба на помали улици со бекатон плочки, проширување на канализационата мрежа, како и изградба на локални патишта.