сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коцев: Во општина Зрновци се одвиваат градежни активности, се гради пристапен пат на земјоделски земјишта во висина 1 700 000 денари

Коцев: Во општина Зрновци се одвиваат градежни активности, се гради пристапен пат на земјоделски земјишта во висина 1 700 000 денари

Моментално се наоѓаме на местото каде што се одвиваат градежни активности, изработка, градење на помошни канали за наводнување, Виничка Вада во должина од 1650 метри. Проектот опфаќа и изградба на Морушка Вада во должина од 850 метри, изградба на три каскади. Овие претставуваат проекти од витално значење за општина Зрновци со кое што се наводнува со поголема количина и динамика некаде околу 300 хектари површина за земјоделците. Паралелно на ова денес или во текот на утрешниот ден воведуваме во работа економски оператор за изградба на резервоар за водоснабдување во село Зрновци од 60 кубика, проект во висина од 2 000 000 денари обезбедени средства од Бирото за развој, изјави денеска Борчо Коцев, градоначалник на општина Зрновци.

-Добар ден, почитувани медиуми, почитувани присутни, почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, денес на наше огромно задоволство заедно со вработените во општина Зрновци, стручната служба, директорите, граѓаните на општина Зрновци извршивме увид на неколку локации каде што во општина Зрновци се одвиваат градежни активности односно пристапен пат на земјоделски земјишта, проект во висина 1 700 000 денари, финансиска конструкција од 1 000 000 обезбедени од Агенцијата зафинасиска поддршка на земјоделие и рурален развој.

Моментално се наоѓаме на местото каде што се одвиваат градежни активности, изработка, градење на помошни канали за наводнување, Виничка Вада во должина од 1650 метри. Проектот опфаќа и изградба на Морушка Вада во должина од 850 метри, изградба на три каскади. Овие претставуваат проекти од витално значење за општина Зрновци со кое што се наводнува со поголема количина и динамика некаде околу 300 хектари површина за земјоделците. Паралелно на ова денес или во текот на утрешниот ден воведуваме во работа економски оператор за изградба на резервоар за водоснабдување во село Зрновци од 60 кубика, проект во висина од 2 000 000 денари обезбедени средства од Бирото за развој.

Овде на ова место каде што се наоѓаме проектот е 9 500 000 денари и плус дополнително обезбедени средства од 1 800 000 денари од буџетот на општина Зрновци. Во текот на 2023 година во патната инфраструктура општина Зрновци ќе се реализираат со програмата изградба на локални патишта и улици во висина од 25 000 000 денари, средства обезбедени од Светска банка преку Министерство за транспорт и врски ќе биде реализација на проектот, опфаќа локален пат, стар штипски пат Мородис Зрновци и локален пат Видовиште-Друма, локален пат Мородис -гробишта и улици во село Зрновци Филе Ристов и Никола Карев заедно со целокупна кружно заокружување дополнителни 130 метра.

Во делот на младите исто така општина Зрновци подготвува 10 млади личности кои што текотна мај месец ќе бидат испратени во Република Полска заедно со свои врсници од 3-4 европски земји каде што ќе биде општина Зрновци претставена на еден начин и заедно тоа ќе биде чекор за продолжување на соработка на општина Зрновци со тие европски општини, донесување на стратешки план за аплицирање на европските фондови, рече Коцев.