среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето Б.К(.64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Уништување на изборен материјал“.

Како што информираше портпаролот Стефан Димоски, Б.К. на 31 октомври 2021 година околу 7,45 часот на избирачко место лоцирано на улицата „4-ти Јули“ – Кичево, откако претходно го остварил своето избирачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче.

По добиениот одговор дека тоа не е возможно, пријавениот го искинал гласачкото личве и го напуштил гласачкото место.