среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Крводарителска акција во Василево

Крводарителска акција во Василево

Во Василево денеска во организација на Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево, се  спроведе акција на доброволно дарување крв.

Тринаесет граѓани од оваа општина ја покажаа својата хуманост, вработени во општинските служби и од населените места.

Организаторите се задоволни од одѕивот поради тоа што е период на годишни одмори и високи надворешни температури.

Акцијата се спроведе во просториите на локалната самоуправа во Василево.

(Миа)