Пожарот кај Охрид е локализиран и нема опасност за најблиските куќи, велат од Територијалната противпожарна единица.
„Пожарот е локализиран и ставен под контрола. Сега се работи на негово целосно елиминирање. Зафатена беше површина со трска и ниска вегетација, а населените места и куќи во околината не се во опасност“, соопштија од противпожарната единица.
Со огнот се бореа десет пожарникари опремени со четири возила.
Регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид попладнево извести дека пожарот избувнал во 17:30 часот и дека зафатил сува трска, шавар и капини на локацијата викана Трно – Дебело поле,која се наоѓа помеѓу населбите Радојца Новичиќ, селото Орман и селото Долно Лакочереј.
Локалното население вели дека не е првпат да гори трска и ниска вегетација, а причините за денешниот пожар засега не се познати.