Лажна била пријавата за поставена експлозивна направа во основно училиште во Кавадарци, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
– Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци, дека на електронската адреса на училиштето, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажна пријава, појасни Самарџиев.
За потсетување, минатата седмица имаше лажни дојави за бомби во шест основни и средни училишта во Кавадарци.