Повеќеодочигледно е дека Општинската организацијана СДСМ во Кочани преку нивната кандидатка прават најгруба повреда на изборниот процес, и тоа на директна штета на демократијата. Имено, ја искористуваат општата социјална состојба и сиромаштијата, за да влијаат врз остварување на правото на глас и во Кочани не скриено и без срам делат поткуп, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани Миле Лефков.
Со Кривично дело “поткуп при избори и гласање” направено е инкриминирање и на активното поткупување кое се состои во нудење, давање или ветување подарок или друга лична корист на лице со избирачко право, со намера да се придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла.
Токму тоа што е опишано во кривичното дело се случува пред очите на кочанската јавност, имено Директоркатана ФЗО Кочани и кандидат за пратеник од СДСМ Марија Ангелова, деновиве дели брашно и зејтин на гласачи во Кочани.
Дополнително СДСМ прават списоци за гласање со тоа што ги лажат граѓаните од социјалноранливите групи и им ветуваат дека ќе добијат помош ако се запишат на нивните “списоци”.
За бедата да биде поголема, ОО на СДСМ во текот на вчерашниот ден, започна и платена кампања на ФБ со сликите на кои директорката дели помош. Штозначи СДСМ плаќаат пари, за граѓаните да ги видат сликите како се дели помош на сиромашните.
Додека цела држава и граѓаните се борат со пандемијата, тие успеаа борбата со пандемијата да ја претворат во партиска кампања и изговор за делење на партиски поткуп и за правење списоци.
Сега кога од СДСМ гледаат дека им претстои дебакл, се обидуваат со очајни методи да го ублажат огромниот поразот кој им престои токму овде во Кочани. Ама тука им е веќе крајот и за ваквите постапки одговорност ќе има.