Вкупно 32 крвни единици се собрани на денешната вонредна летна крводарителска акција што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Организатори на акцијата се Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина. Вонредните крводарителски акции се организираат согласно планот кој го изработуваат Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.
Во Куманово во текот на летото се организираат три вонредни крводарителски акции. Според очекувањата и праксата од изминатите години, на вонредните крводарителски акции бројот на крводарувањата се движи меѓу 35 и 40 крвни единици. Во текот на летото, дел од кумановските редовни и повеќекратни крводарители се јавуваат и на повик на институциите.
На годишно ниво во Куманово се одржуваат 40 крводарителски акции. Според податоците од општинската органзација на Црвениот крст лани биле собрани околу 3.000 крвни единици.
(Миа)