среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Литературен конкурс по повод 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев во Делчево

Литературен конкурс по повод 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев во Делчево

Библиотеката „ Илинден“ од Делчево распиша литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“. Конкурсот, како што информира директорката Билјана Петровска, е дел од соработката со Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, а по повод 150 години од раѓањето на великанот и патронот на градот, Гоце Делчев.

-По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев – патронот на градот се распишува награден литературен конкурс на тема:„Гоце – наша ѕвезда водилка“. На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Делчево и ученици од основните училишта и Средното општинско училиште, информира Петровска.

Напишаните литературни творби во проза или поезија, како што додаде, можат да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево со напишано име и презиме и контакт телефон, а исто така можат да ги достават и во електронска форма со напишано име, презиме и телефонски контакт на е-маил адреса: [email protected].

-Творбите ќе ги прегледува Комисија. Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт во рамки на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари 2022 година. Наградените учесници ќе добијат диплома и подарок, а наградените творби ќе бидат објавени на веб-страницата на општина Делчево, додаде Петровска.

Конкурсот ќе биде отворен до 31 јануари 2022 година.