понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Локалните совети за превенција од тетовско-гостиварското подрачје подготвени да се справат со летните безбедносни предизвици

Локалните совети за превенција од тетовско-гостиварското подрачје подготвени да се справат со летните безбедносни предизвици

На иницијатива на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве се одржаа повеќе работни состаноци на локалните совети за превенција од општините Брвеница, Врапчиште и Маврово – Ростуше, а пред тоа и од Гостивар.

На средбите се разговарало за потребата од навремено превенирање на пожари на отворен простор и шумски пожари, со координирано вклучување на повеќе надлежни служби во општините.

Ова, пред се поради високите температури на воздухот последните денови и зголемените ризици од настанување на пожари. Покрај ова, станало збор и за ефикасно пресретнување на свадбените пукања со огнено оружје и на неовластеното приредување на огномети и употреба на разновидна пиротехника на свадбени и други семејни свечености, како и за откривање и санкционирање на угостителските објекти и угостителите кои послужуваат малолетници со алкохолни пијалаци.

Од страна на присутните е констатирано дека вакви средби треба да се организираат почесто, а советите да вложат напор да го најдат вистинското место и улога во секојдневието на подрачјата на кои функционираат пред се на безбедносен план.