четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ЛОЗАРИТЕ УТРЕ НА ПРОТЕСТ: Се соочуваат со низа нерешени проблеми (ВИДЕО)

ЛОЗАРИТЕ УТРЕ НА ПРОТЕСТ: Се соочуваат со низа нерешени проблеми (ВИДЕО)

Поради повеќе нерешени проблеми во лозарството, од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ за во недела најавија протест и блокада на патот Кавадарци – Неготино.

-Од 11 до 13 часот ќе имаме протест. Затоа сега ги поканувам сите лозари од тиквешијата да дојдат бидејќи работата е за никаде. Нашите барања министерството ги знае, но ништо не превземаат. Имаме проблеми со наводнувањето, неисплатеното грозје, неисплатени средства за измрзнување на овошните насади, на некои исплатија, на некои не, имаме неисплатени средства за сушата…., посочија тие.

Сите нивни барања и најавата за протест, погледнете ги во видеото во продолжение: