Градоначалникот на Македонски Брод заедно со општинските екипи утрово излезе на терен поради блокада на обиколницата поради одрон.
-Денес, во раните утрински часови локалниот пат обиколница беше блокиран од одрони.
Градоначалникот со општинските екипи излезе на лице место и за краток временски период обиколницата се пушти во функција.
Во текот на денешниот ден екипите се на терен и продолжуваме со справување на врнежите од снег, стои во неговиот пост на Фејсбук.