Ристо Манчев по професија е дипломиран економист на Економскиот факултет во Прилеп. Во 2011 година стекнува Мастер Диплома за Високи Европски Студии на престижниот колеџ Fondazione Collegio Europeo di Parma, а во 2013 година стекнува титула – Магистер по Високи Европски Студии на Facolta di Giurisprodenza di Parma- Italia. Toj во изминатите години се афирмира како Секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата а покрај тоа работи и како Овластен консултант на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија за изработка на бизнис планови.
Како кандидат за градоначалник на општина Босилово, довербата од граѓаните ја барам со програма која опфаќа реализација на проекти во повеќе области и во сите населени места. Програма која е реална и остварлива, со чија реализација ќе се решат многу проблеми на граѓаните, со што општина Босилово ќе биде поубаво место за живеење, вели кандидатот за градоначалник на Босилово од ВМРО-ДПМНЕ, Манчев за порталот Југоинфо.мк, одговарајќи на прашањето „Кои се вашите најзначајни ветувања со кои ја барате довербата од граѓаните за градоначалник на општина Босилово?“.
-Во наредните четири години, ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето во сите населени места, ќе набавиме возило за комуналното претпријатие и ќе ги дислоцираме таканаречените „диви“ депонии, ќе ја започнеме изградбата на канализациона мрежа, ќе реконструираме локални патишта и улици, ќе тампонираме полски патишта, ќе изградиме училишни спортски игралишта, ќе реализираме многу проекти со кои непосредно ќе ги решаваме проблемите на граѓаните.
Покрај тоа, како општина ќе иницираме општествен активизам, ќе организираме спортски и културни манифестации, јавни едукативни настани, еколошки акции, итн.
Мојата визија е Босилово да биде економски развиена општина, со развиено и модерно земјоделско производство, со развиен алтернативен туризам и со богат општествен и културен живот, додава Манчев.
Целото интервју на Југоинфо.мк.