Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев преку статус на Фејсбук пишува дека во населеното место Дрвош е завршена изградбата на бунар со пумпна станица.
-Изградбата на бунар со пумпна станица за водоснабдување на населено место Дрвош е завршена. Вкупната вредност на инвестицијата е 3.557.211 денари од кои 3.000.000 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски а 557.211 денари ќе бидат обезбедени од општина Босилово. Оваа е само прв чекор кон решавање на проблемот со водоснабдувањето во Дрвош.