Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за општина Зелениково, Коста Маневски вечерва на митингот во Зелениково, истакна дека гарантира нови инвестиции за нови работни места, развој на туризмот,спортска и здрава општина без депонии, како и секогаш да биде достапен за секој еден граѓанин на општината.
-За општина Зелениково и за сите граѓани доаѓаат подобри времиња кој водат кон светла иднина, подобро утро за сите, за промени и напредок. Гарантираме проекти кои се остварливи. Се обврзувам дека следните четири години ќе ги подобриме условите за основање и водење бизнис на територијата на општина Зелениково. Ќе работиме на обезбедување поволни услови за нови домашни но и странски инвеститори, кои ќе придонесат во отворање на многу нови работни позиции. Посебен акцент и внимание ќе биде насочен кон младите претприемачи, старт-ап бизнисмени за кои е предвидена континуирана поддршка, посочи Маневски.
Тој вели дека се обврзува за рамномерен развој на сите подрачја и населени места во општината, со цел подобрување на условите за живот и животен стандард на сите граѓани на општина Зелениково, се обврзува за реконструкција и проширување на локалниот пат од Орешани до Станица Зелениково и асфалтирање на локалниот пат од село Смесница до село Гумалево, како и aсфалтирање и тампонирање на сите патишта каде што е потребно општината. Toj се обврзува за конечно решавање на проблемот со водоснабудвање во село Градовци како и водоснабдувањето во селата Смесница и Вражалеa, oпштина Зелениково ќе добие и нова детска градинка.
-За младите гарантираме дека општина Зелениково ќе биде спортска и здрава општина. Со нови адреналински патеки за велосипедистите, со нови спортски и детски игралишта, фитнес зони на отворено, уредување и изградба на нови пешачки патеки. Зелениково ќе добие и нова спортска сала. Идеалните места за развој на туризмот кои ќе ги развиваме и промовираме се селата Ново Село, Таор, Градовци и селата околу Кадина Река, Смесница, Гумалево и Тисовица. Но најпрвин треба да го исчистиме ѓубрето кое е расфрлено насекаде и дивите депонии создадени од актуелната локална власт, истакна Маневски.
Toj гарантираше капитални проекти со кој секој граѓанин на општина Зелениково ќе се гордее.
-Како градоначалник секогаш ќе бидам достапен за секој од вас, преку ваша директна вклученост во работата на општината. Транспарентноста на носењето одлуки ќе стане секојдневие и сите ќе имаат увид во реалната состојба на општината. Лошите политики кои досега ја уназадија општината ќе станат минато, рече Маневски.
Маневски им посочи на граѓаните на Зелениково заедно да се изборат, за нова иднина, заедничка иднина за модерна и просперитетна општина Зелениково.