четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Марко Колев ја најави изградбата на адреналинска патека за велосипедизам во Велес

Марко Колев ја најави изградбата на адреналинска патека за велосипедизам во Велес

Во Градскиот парк во Велес започна да се гради полигон за велосипедисти, pump track, на местото на поранешното ракометно игралиште. Денеска ја посетив локацијата на која веќе започнаа градежните работи за изградба на патеката. Полигонот за велосипедисти ќе се простира на површина од 660 м². Љубителите на адреналинскиот велосипедизам ќе добијат интересно катче на кое ќе можат да ги усовршуваат своите вештини со управување на велосипед. За изградба на памп тракот од буџетот на Општина Велес се обезбедени 4.000.000 денари, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на Велес, Марко Колев.