Tоа што Крајовски е крајно неспособен лидер на локалните сдсмовци, ама воопшто на крајот на краиштата никого не го засега, ама за злоупотреба на европски и пари на граѓаните и за тоталното безредие и хаос во институција како што е затворот, одговорност мора да има, истакна на денешната прес-конференција Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Мавровски?
Продолжуваме со изнесување факти и аргументи за тоа како се рефлектира управувањето на локалниот неспособен и крајно сервилен лидер на СДС со институцијата со која раководи.
Прашуваме, дали навистина во битолскиот затвор владее тотален хаос и безредие?
Дали постојано се прекршува Законот за извршување санкции и куќниот ред на институцијата?
Дали во отворените одделенија затворските казни ги издржуваат само оние кои директорот Крајовски по лично, партиско или некое друго наоѓање ги одбира?
Дали, во затворот институција која е задолжена и за ресоцијализација се извршуваат нелегални активности, квалификувани како тешки кривични дела?
Дали дефинитивно со доаѓањето на Крајовски пропаднати е фармата, а земјиштето од 80 хектари уништено и необработено?
Повторуваме, тоа што Крајовски е крајно неспособен лидер на локалните сдсмовци, ама воопшто на крајот на краиштата никого не го засега, ама за злоупотреба на европски и пари на граѓаните и за тоталното безредие и хаос во институција како што е затворот, одговорност мора да има.
И на крајот, пак ги повикуваме институциите, по допрен глас да ги расчистат сите поставени прашања!, рече Мавровски.