петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Локална самоуправа која ќе се одликува со концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност е тоа што му треба на Охрид и охриѓани

Милошевски: Локална самоуправа која ќе се одликува со концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност е тоа што му треба на Охрид и охриѓани

Локална самоуправа која ќе се одликува со концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност е тоа што му треба на Охрид и охриѓани. Отворена општина, општина што работи заедно со граѓаните треба да биде целта на секоја Локална самоуправа, истакна Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со нови начини на организирање на работата, навремени реакции, достапност и услужност за граѓаните ќе направиме ефикасна и модерна Општина. Кој прв ќе дојде, тој прв ќе добие услуга. Воведување антикоруптивна мерка со која нема решавање предмети преку ред. Нашите луѓе имаат капацитет, тие се вредни и чесни луѓе, секој стручен во својата област и треба да се искористи нивното знаење и посветеност кон работата. Буџетските средства мора да се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, рече Милошевски и додаде:

„Проектот „Е-Охрид“ во програмата За поубав Охрид, предвидува воведување на комплетна дигитализација на сите внатрешни бизнис процеси во Општината како и воведување на електронски сервиси за граѓаните и компаниите. Со внатрешната дигитализација во прва фаза ќе се дигитализираат сите податоци од секторите за: даноци и комунални такси, урбанизам и заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај и улици, туризам и локален економски развој, јавни дејности, финансиски прашања и правни прашања, за потоа во втора фаза се обединат во еден интегриран систем кој ќе биде јавно достапен за граѓаните и бизнис заедницата со цел сите услуги кои ги дава општината, граѓаните и бизнис заедницата да ги остваруваат по електронски пат“.

На овој начин, потенцираше тој, комуналната такса за привремен престој ќе може да се пријавува и плаќа по електронски пат, поднесувањето на даночни пријава и плаќањето на данокот на имот ќе може да се поднесува и плаќа по електронски пат, издавањето на Изводи од урбанистички план и други податоци со кои располага општината исто така ќе може да се поднесуваат по електронски пат, а документите да се подигнат било на шалтер на општината, било на посочена адреса или на емаил на барателот.

-Со овој проект значително ќе се забрза работата на општинските служби, ќе се намали можноста за корупција и ќе се доближи општината до граѓаните. Преку проектот „Промена во одданочувањето“ ќе се спроведе промена во даночните стапки за викенд куќите и становите, со цел поголема сеопфатност. Исто така ќе се спроведуваат „Основни ИКТ обуки за граѓани“ во бесплатните интернет клубови, а приоритет ќе имаат повозрасни лица и лица од социјално маргинализирани групи. ИКТ обуките ќе се организираат за основни вештини за практично работење со компјутер и интернет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Skype). Број 5 за ефикасна Локална самоуправа, Број 5 за отворена Општина, Број 5 за Локална самоуправа која ќе се одликува со концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност со цел да одговориме на модерните форми на менаџирање со општината. Број 5 за убав град. За убав Охрид, Охрид повикува.