понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошоски од Крушево: Ова се избори за делегитимирање на власта која донесе поголем криминал и сиромаштија и која се срами да ги прослави големите државни празници како 11 Октомври

Милошоски од Крушево: Ова се избори за делегитимирање на власта која донесе поголем криминал и сиромаштија и која се срами да ги прослави големите државни празници како 11 Октомври

Време да е отвориме нова страница, да донесеме нова надеж и перспектива за развој на Крушево на 17 октомври ќе победиме затоа што овие локални избори се избори за делегитимирање на власта. Власта која се плаши да ги прослави најголемите национални и државни празници, Илинден и 11 Октомври ги поминуваат со огради или затворени некаде да нема народ со нив, изјави Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Крушево.

Милошоски потенцираше дека СДСМ и ДУИ за овие години откако се на власт направија само поголем криминал, донесоа поголема сиромаштија и поголеми заеднички проблеми за граѓаните.

– Заедничките проблеми и потреби ги поврзуваат сите граѓани. Што ги поврзува луѓето од Дивјаци со тие од Норово, или луѓето од Врбјани со луѓето од Пуста Река, или Бучин со Саждево, ги поврзува тоа што на изминативе 4-5 години им одзедоа стотици илјади евра преку намалувањето на тутунот. Во меѓувреме литар масло се качи на 100 денари, а премиерот Заев се вози во БМВ поскапо од 100.000 евра. И тоа го гледаат сите граѓани од сите населени места и тие знаат дека не може да им се продаваат само лаги и лажни ветувања, истакна Милошоски.

Тој ги повика на граѓаните да не подлегнуваат на заканите и притисоците на власта и на изборите да излезат во што помасовен број и да гласат за Билјана Проеска, затоа што зад избирачкиот параван никој не може да ја одземе вашата волја и да го знае нашиот глас и затоа што секој глас вреди многу.