петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

МВР: 38 санкции за прекршоци што ги прават мотоциклистите во Куманово

МВР: 38 санкции за прекршоци што ги прават мотоциклистите во Куманово

Денеска (02.07.2022) од 10 до 15 часот на подрачјето на Куманово полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот во содејство со Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување спроведоа засилена акциска контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.При тоа санкционирани се вкупно 38 учесници во сообраќајот од кои: без положен возачки испит 8, нерегистран мотоцикл 1, некористење заштитен шлем- кацига – 28. Одземен е еден мотоцикл согласно член 344 од ЗБСП.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.