четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

На денешен ден: Почина Леко Радич, легендата на македонското пливање – беше тренер на плејада шампиони

На денешен ден: Почина Леко Радич, легендата на македонското пливање – беше тренер на плејада шампиони

2016.- На 87-годишна возраст починал Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што бил голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон.

Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други.

Во 2013 година Александар Леко Радич го добил највисокото општинско признание за животно дело – наградата „Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид“.