За тоа колку се преполни болничките капацитети, доволно говори едно видео кои редакциите на Фактор и Хаштаг го добија од читател од Струмица.
-Според неговите тврдења, станува збор за струмичката болница, која поради преполнетите капацитети, не може да ги собере сите граѓани, па на дел им се дава инфузија, односно медицинска помош и надвор од болницата, односно точно пред нејзиниот влез, пишува Фактор.
Она што може да се види, е дека веројатно станува збор за помлад пациент, за кого можеби и нема потреба од целосна хоспитализација.
Фактор нема точна информација кога е направено видеото.