На 12.09.2021 година од 15 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид-12, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).
Сообраќајните контроли кои континуирано се преземаат, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.