На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Градско, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Киро Нацков, истакна дека неговото внимание ќе биде насочени кон младите затоа што вложувањето во нив е нужно во време на масовно иселување, вети дека ќе има бесплатна градинка за секое дете, стипендии за најдобрите, бесплатни оброци за основците, екскурзии за пензионерите,а најави и ревизија на работењето на локалната власт.
-Во изминатиов период имав прилика да се сретнам со голем број на луѓе, да ги слушнам нивните приказни од секаков аспекти, навредите, манипулациите, закани кои ги доживуваат граѓаните на Градско, денеска најново кај ромското население со кинење на социјалната помош, закани од институциите на вработените од министерство за внатрешни работи, министерство за одбрана и други институции, поткупи, а власта тука не разговара за проекти и како да се натпреварува културно, туку се фали дека имаат многу пари и со поткуп и закани ќе победеле, критикуваше Нацков.
Тој посочи дека во Градско попусти се заканите и поткупите затоа што на 18-ти ќе се види кој лажел и крадел изминативе години, а ревизија ќе има на се’ што правела власта тука изминативе четири години, трошоци за јадење и пиење на општинските власти додека народот не може да врзе крај со крај, затоа што не им е гајле и никогаш не ни им било гајле, појасни Нацков.
-Една од работите на кои ќе се фокусирам во следните години ќе бидат децата и младите, нема да зборувам улици, патишта, бекатон затоа што тоа е тековна работа, да не се сликаме повеќе со бекатонот и како сме направиле улици, тоа е тековна работа на секој градоначалник, а власта во Градско една уличка за четири месеци не може да направи, а оние суми кои ги споменав претходно веќе ќе ги нема, парите кои планирам да ги употребам веќе од први јануари 2022 година ќе има бесплатна градинка за секое дете во Градско, родителите веќе нема да се грижат за финансиски средства за градинка, ќе има и за бесплатни екскурзии, рече Нацков.
Тој истакна дека од почеток на учебната 2022/2023 година секое дете од прво до петто одделение ќе добиваат бесплатен оброк, а од наредните учебни години тоа да важи и за сите останати деца, а тоа ќе биде остварено, вети Нацков
-Бесплатни екскурзии за пензионерите минимум две годишно, стипендирање на еден студент, еден средношколец и еден основец, секоја година по едно дете, мораме да вложиме во нашите деца затоа што иселувањето не убива, мора да се посвети внимание на иселувањето и внимание за најдобрите, доста не водеа најлошите од генерациите, а имаме многу квалитетни деца кои не смееме да ги пуштиме да си одат, туку да им овозможиме иднина тука, истакна Нацков.
Тој посочи исто така граѓаните на Градско да не се плашат, иако се под притисоци и закани, да излезат на 17-ти и да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ.