Загаден живот во кумановско Лојане и Ваксинце. Иако рудникот во Лојане пет децении не работи, сепак го труе населението.
Рудникот во кумановско Лојане е едно од 16 „жешки точки“ кои ја загадуваат земјава. Оваа портокалова земја е полна со тешки метали. Арсен, антином, хром… го загадуваат населението на кумановските села Ваксинце и Лојане.
Лоша миризба се шири од рудникот. Тешките метали се мерат во тони. Жителите на Лојане не сакаа јавно да говорат, а зад камерата на Алсат велат дека често се разболуваат а голем е и бројот на жители кои починале од рак. Професорот по хемија Трајче Стафилов вели дека водата и почвата тука е загадена. Ветрот ја шири загадената прашаина, а дождот тешките матали веќе ги упил длабоко во земјата.
Целиот текст може да го прочитате на Алсат.мк