вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Нацков: Во Градско се гради обиколница во вредност од 7.600.000 денари

Нацков: Во Градско се гради обиколница во вредност од 7.600.000 денари

Ние направивме една обиколка во населеното место Градско, му беше презентирано тоа што е сработено и тоа што во иднина ќе се работи и му беа презентирани проектите кои што се завршени и некои кои што се во тек.  Денеска се наоѓаме на локација каде што од денешен аспект  започнува со изградба оваа улица која што ние ја нарекуваме „Обиколница“, која што е тендерирана од Министерството за транспорт и врски, средствата се обезбедени од Светска банка и се износ од 7 600 000 денари и обиколница која што всушност треба да го растерети сообраќајот во Градско односно тешките моторни возила кои што минуваат низ централното подрачје би требало да поминуваат тука, тие од денеска започнуваат со градба па така дојдовме на увид всушност на работите кои што се одвиваат тука, истакна Киро Нацков, градоначалник на општина Градско.

-Посебно сакам да истакнам две работи по кои што сме карактеристични, односно кои што ги нема никој го Македонија до сега воведено,  а тоа е прво бесплатна градинка за сите деца во Градско односно средства кои што ги обезбедуваме од буџетот на општината и со кои што во целост всушност ги плаќаме придонесите на родителите кои што треба да ги одвојат за сопствените  деца за да одат во градинка. Втората работа која што почнуваме од вторник односно од 2-ри мај а тоа е бесплатен оброк, прво за децата од прво до петто одделение. Зошто сега го започнавме сето ова? Зошто кон крајот на школската година? Затоа што сакаме прво да видиме како ќе се одвива проектот, дали ќе има одредени аномалии, дали родителите ќе бидат задоволни, дали децата не дај боже ја фрлаат храната и така натаму. Доколку се се покаже како што треба , од 1-ви септември продолжуваме со истата пракса, значи бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение, ако е са како што треба од  наредниот буџет од 2024 година тој ќе го надоградиме, што значи дека ќе се однесува на сите деца, односно од прво до деветто одделение, посочи тој.