сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Неготино ги доби првите куќарки за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи

Неготино ги доби првите куќарки за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи

Во Неготино се отворени првите куќарки за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи, поставени во строгиот центар на градот.

Од неготинската локална самоуправа денеска информираа дека активностите се во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран од ЕУ и Владата на Република Северна Македонија, администиран од Светска банка.

Според Општината, надополнувањето на централното градско подрачје преку набавка и поставување урбана опрема е само една од многубројните спроведени активности за збогатување на туристичката понуда во Неготино и околината.

-Станува збор за три дрвени куќички за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи. По спроведувањето на јавна објава за закуп на урбана опрема, беа склучени договори помеѓу општина Неготино и Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“, „МИСС -Креатив“ и СЕЕД ОФ ЛИФЕ ДОО Неготино. Исто така преку проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој со акриним wine-up”, во рамки на проограмата ИНТЕРЕГ ИПА ЦБЦ Грција Р.С.Македонија, финансиран од Европската Унија, општината Неготино обезбеди поддршка со ангажирање три лица за продажба на локални производи – вино, мед, сувенири, во времетраење од шест месеци, нагласија од локалната самоуправа.

Сите заинтересирани, меѓу другото, ќе можат да купат и копаничарски изработки од Здружението на копаничари „Стари занаети”.