сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Неготинскиот панаѓур ќе се одржи од 21 до 23 септември

Неготинскиот панаѓур ќе се одржи од 21 до 23 септември

Неготинскиот панаѓур ќе се одржи од 21 до 23 септември, соопшти попладнево градоначалникот Горан Стојанов.

– По донесување на одлуката од страна на советниците во Советот на општината, како градоначалник и локална самоуправа, во соработка и координација со надлежните институции, веднаш ги започнуваме неопходните организациско-технички подготовки, со единствена цел, што е можно поподготвено да го дочекаме одржувањето на панаѓурот, соопшти Стојанов.

Сите заинтересирани за изложување на стоки и производи и потенцијалните посетители, дополнително ќе бидат информирани, согласно динамиката на активности, за организирање на панаѓурот.

– Најважно од се, традицијата продолжува и во ниеден случај нема да дозволиме да дојде до згаснување на оваа манифестација, што во нашиот град се одржува со децении, нагласи Стојанов.