сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Николоски: Ако Филип можеше да го спаси Дојранското езеро, убеден сум дека ќе донесе просперитет и развој на Дојран

Николоски: Ако Филип можеше да го спаси Дојранското езеро, убеден сум дека ќе донесе просперитет и развој на Дојран

Малкумина во светот можат да се пофалат дека спасиле цело езеро, но тоа може да го направи Филип Дончовски, човекот кој имаше храброст и визија да оствари нешто кое изгледало невозможно, но секогаш е лесно да се кажат проблемите, но тешко е да се најдат решенијата, убеден сум дека како овој човек можеше да го спаси Дојранското езеро, така ќе го унапредува и развива Дојран,а промената на власта заеднички ќе ја развиваме и Македонија, истакна Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Дојран.

Николоски критикуваше дека противкандидатот во Дојран, актуелниот градоначалник нема ставено камен во Дојран четири години, но единствено за што го бива се изборни манипулации, минатата година беше фатен жив од полицијата како прави предизборен поткуп, а другар му Заев успеа да го спаси и сеуште не одговараше за истото, вели Николоски.

-Од тука сакам да им порачам дека ќе одговараат, затоа што изборните нерегуларности се најтешко кривично дело со затворска казна од минимум пет години, ќе одговара затоа што жив беше фатен во изборни нерегуларности, критикуваше Николоски.

Тој посочи дека изборот е едноставен за Дојран од едната страна кандидат кој бил фатен во извршување на поткуп и изборни нерегуларности, а од другата страна чесен трудољубив човек, со јасна визија и проекти за подобар Дојран.