среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Николоски: Бидете храбри и излезете на гласање, големата излезеност ќе значи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Бидете храбри и излезете на гласање, големата излезеност ќе значи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

17 октомври, недела, е денот на одлука и за Прилеп и за Македонија. На 17 октомври да ги започнеме промените во Македонија, баш од тука од Прилеп, изјави на денешната прес конференција во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој им порача на сите кои што го гледаат, да се храбри и да излезат на гласање, масовно уште во раните утрински часови, затоа што како што вели тој големата излезност ќе значи убедлива победа за ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот и иден градоначалник на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески и за носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Дејан Проданоски.