четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Николоски: Не сме сите исти, ние нуди промени и проекти, тие не нудат ништо

Николоски: Не сме сите исти, ние нуди промени и проекти, тие не нудат ништо

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска пред граѓаните на митинг во општина Градско, вели дека овие не се само локални избори, туку се референдум за тоа како и каде ќе се движи Македонија во следните четири години.

Овие избори се нешто повеќе од локални избори. Овие избори не се само за тоа да се смени актуелниот градоначалник кој што камче не помрдна овие 4 години, кој што нема ниту еден реализиран проект позади себе, кој што нема со што да се пофали освен со високи кафански сметки за кои нели од СДСМ се познати кафаната им е институција и канцеларија. Овие избори се референдум за тоа каде ќе се движи Македонија во следните четири години. На овие избори одлучуваме дали на Македонија ќе и се случат промени или ќе се даде можност на Заев уште четири години, Македонија економски да ја пустоши и национално да ја обезличува, истакна Николоски.

Николоски порача на масовна излезност на 17ти октомври, порачувајќи дека граѓаните знаат дека и покрај тоа што СДСМ води кампања сите се исти, не е вистина, додавајќи дека нивната цел е да останат граѓаните дома, а повикот на ВМРО-ДПМНЕ е излезат масовно и да дадат поддршка на промените и проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги нуди.

Останување дома практично е глас за Зоран Заев. Останува дома на 17ти октомври е тоа што тие сакаат. Тие водат кампања сите се исти. Тие водат кампања ние ништо не правевме, не направивме ама и овие не ги бива. Тие водат кампања ние сме лоши, ама и другите не се подобри. Вие добро знаете дека тоа не е вистина. Целта на нивната кампања е да останете дома, а нашиот повик е да излезете, затоа што има една многу мудра политички мисла која што сакам да ја споделам со вас, а која што вели дека лошите политичари ги бираат добрите луѓе кои што не излегуваат на гласање. Немојте да дозволите да се случи тоа, потребна е масовна излезност на 17ти октомври, за добрите луѓе да ги изберат добрите политичари а сум убеден дека ги имаме тука во Градско и со носителката на советничката листа и со кандидатот за градоначалник на Градско, вели Николоски од Градско.