вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над јулскиот просек

Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над јулскиот просек

Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, но е за три сантиметри повисоко од јулскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.

И Преспанското Езеро денеска има зголемен водостој во однос на вчера за еден сантиметар, но е под просекот за јули.

Нивото на Дојранското Езеро, пак, е без промени, но е, исто така, пониско од јулскиот просек.

Кај повеќето реки, нивоата се над просекот за овој месец. Сепак, нема поголеми промени на водостоите во однос на вчерашниот ден.