Ненад Коциќ и СДСМ единствено се залагаат за 0 проценти невработеност кај своите партиски активисти. Тие, освен партизација на институциите, преку вработување на своите најблиски и своите партиски активисти, не направија ништо друго за градот! Поминуваат 4 години од арогантното владеење со општината од страна на СДСМ, Аце Коцевски и Ненад Коциќ. Оваа ненародна власт, која е во заминување, и тоа како работи професионално кога се во прашање партиските или роднинските вработувања. Редно време е да ја извадиме вистината на виделина господа од власта, изјави денеска за медиумите, Коста Нојков – кандидат на советник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.
Тој истакна дека Коциќ е должен да им одговори на велешани:
Зошто заедно со градоначалникот Коцевски ги лажеа велешани дека Општина Велес е превработена?
Ако Општина Велес била превработена зошто за четиригодишното владеење вработиле преку 40 нови вработени и тоа претежно партиски активисти и блиски роднини?
Дали е точно дека Аце Коцевски си вработил свои блиски роднини и пријатели во ТППЕ но и во ЈКП Дервен?
Исто така дали е точно дека на последнииот ден од рокот за распишување на изборите Аце Коцевски потпишал решенија за вработување на 1 шофер и двајца даватели на услуги?
Дали е точно дека Коциќ додека бил Претседател на Совет, си имате вработено свој близок роднина во одделението за животна средина во Општина Велес?
Дали е точно дека сегашниот Претседател на Совет Гајдов си има вработено својата блиска роднина во одделението за Локален Економски Развој?
Дали е точно дека поранешниот Претседател на Совет на Општина Велес Душко Петров, си ја вработи својата сопруга во Центарот за јавно здравје – Велес?
Дали е точно дека советничката Пандорка Прличкова бирала повеќе работни позиции за својот сопруг и тоа еднаш на патарините на Македонија пат, за сега да биде вработен во Територијалната Противпожарна Единица во Велес?
– Патем, за истата советничка има покренато случај во антикорупциска поради гласање на седница на Совет на Општина Велес, на точка Буџет на ТППЕ а во исто време таму работи нејзиниот сопруг. Очигледно, за нив терминот изземање е непознат, па затоа и секој кој мисли дека е недопирлив ќе сноси одговорност! Дали е точно дека екс советникот Милан Нацев штом си дал оставка од функцијата советник во советот, по многу брзо време бил вработен во Општина Велес? Дали е точно дека советникот од СДСМ, Менсур Бачевац си го вработи својот син во Територијална Противпожарна Единица, а советничката Маја Стојановска ја вработивте во ООУ Стојан Бурчевски Буридан во с.Иванковци? Но секако, сомнежи за партиски наредби за вработувања не се случуваат само во надлежностите на општината туку и во државните институции. Таков пример имаме во Општата болница Велес. Затоа прашуваме како е возможно на огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница – Велес да биде вработена сестрата на екс лидерот на младите на СДСМ во Велес, Велимир Арсов кога истата била помеѓу последно рангираните? Односно од 10 кандидати истата била седмо рангирана а сепак е примена на огласот за општи лекари. Потоа, дали советникот Зоран Ѓуровски е вработен по партиска линија во Агенцијата за млади и спорт? На оваа тема можеме да поставиме уште многу прашања но одговорот на истите сите добро го знаеме, појасни Нојков.
Кандидатот за советник посочи дека за сите овие сомнителни вработувања мора да се понесе одговорност!
– Очигледно е и зошто немате сработено ниту еден капитален проект од вашата програма. Главна занимација и приоритет ви биле партиските и роднинските вработувања а не интересите на граѓаните и нивните потреби. Време да се стави крај на оваа крајно партизирана и ненародна власт! Како што кажавме и претходно, Ненад Коциќ и СДСМ единствено се залагаат за 0 проценти невработеност кај своите партиски активисти. За вашите постапки, најпрво ќе ве казнат Велешани, а потоа по законски процедури ќе одговарате за сите сомнителни работи кои ги имате направено за овие 4 изминати години. Во тоа не треба да се сомневате. Бидете сигурни дека вистината ќе излезе на виделина, а правдата ќе ве стигне за многу брзо време. Прв чекор од правдата е во недела на 17-ти октомври. Датум на кој Велес и велешани ќе ве казнат за сите погубни политики. Велес и велешани, на 17-ти ќе дадат поддршка за просперитет и проекти, за бројот 7, за Марко Колев и советничката листа предводена од Зоран Љутков, заврши Нојков.