По непрекината 16-часовна работа стручните лица од екипите на АД МЕПСО го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, информира компанијата.
– Стручните лица успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље. И со тоа денеска во 04:15 часот да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија. Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар, се наведува во соопштението на МЕПСО.
Инаку, прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10:35 часот.