Иако изминаа повеќе од 10 дена од кога во јавноста беа обелоденети скандалозните злопотреби на службената положба и овластувања кои ги направавивте каде сте жив фатен во непотизам колку и да се обидувате да ја игнорирате целата таа ситуација или да се правдате, нема да можете бидејќи извршивте класична злоупотреба на службената положба и затоа ќе треба надлежните институции да се произнесат. Доколку истите не се произнесат ќе дојде ден кога надлежните институции ќе се ослободат од овој „хибриден режим„ и одговорност ќе има за секој кој се огрешил пред законот, велат ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола.
-Исто така Ве повикуваме да објасните како „случајно„ направивте промоција на купениот “дрон за снимање” од фирмата на сопругот на Мила Царовска на денот кога во посета на Битола беше токму Министерката за образование и наука во владата на аболицираниот криминалец и ваш шеф Зоран Заев.
Дали при посетата на Битола, Мила Царовска со службено возило на Министерството за образование го достави “дронот” во просториите на ЈП Стрежево? Денес ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција со цел да се произнесе за погоре наведените наводи.
Во меѓувреме Ве повикуваме да соберете храброст и да поднесете оставка од директор на ЈП Стрежево, дополнуваат од таму.