Јовица Илиевски во вториот круг од локалните избори ја понесе убедливата победа во општина Брвеница.
Новиот градоначалник преку својата официјална страница на Фејсбук и на албански јазик им се обрати на граѓаните, порачувајќи дека нема да има делби и дека ќе работи за сите граѓани независно од нивната етничка припадност.
Илиевски со овој потег започна да ја оправдува довербата на сите граѓани кои го дадоа гласот за него и ја заслужува сечија почит.