петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Објавен јавен повик за вклучување на 10 образовни асистенти во средните училишта

Објавен јавен повик за вклучување на 10 образовни асистенти во средните училишта

Општина Битола објави јавен повик за ангажирање на 10 лица како образовни асистенти во средни училишта во период од 9 месеци. Повикот е дел од програмата општинско-корисна работа, проект „Негователи во детски градинки и образовни асистенти во средни училишта”.

Право на учество во програмата имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола во периодот до 15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Повеќе информации, може да се прочитаат на следниот ЛИНК.