недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“

Од 7 до 10 септември ќе се одржи „Крап куп Дебар 2023“

Од 7 до 10 идниот месец на Дебарско Езеро ќе се одржи традиционалниот „Крап куп Дебар 2023“ информираа од Спортското риболовно друштво „Трофта“ кое заедно со Carp Tim Тетово се организатори на овој настан.

Право на учество имаат сите рекреативни риболовци а котизацијата изнесува 4 илјади денари. Предвидени се награди и тоа за прво место екипно 300 евра и златни медали, второ место 200 евра и трето место 100 евра , со сребрени односно бронзени медали. За среќниот рибар кој ќе улови најголема риба следува парична казна од 100 евра, додаваат од друштвото.

Во однос на правилата посочуваат дека рибарите ќе ловат по тројца во екипа, ќе се лови со 6 трски не подолги од 4 метри а резервните трски не треба да бидат во правец на езерото.

– Се лови една трска-една јадица, дозволен е зик-риг, прихранување со пченка, храна во прав, бојли и слично, нема ограничување во однос на количината на прихрана на местото каде што ќе се лови но е забрането да се донесе дополнителна прихрана, откако ќе започне натпреварот. За време на ловење забрането е движење на чамци, дронови и сонари. Се мерат само видовите крап и амур, објаснуваат од друштвото.

Рибарите-натпреварувачи треба да пристигнат на 7 септември во 8 часот кај ресторанот „Дрилон“ а по спроведената ждрепка ќе бидат распоредени долж градската плажа.

Од друштвото велат дека се добредојдени и донатори а посебен апел упатуваат до сите учесници отпадоците да ги фрлаат на соодветното место за тоа. (МИА)