Со свечена седница на Советот на Општина Новаци беше одбележана 27 годишнината од основањето и функционирањето на Општина Новаци.
„Во изминатите 27 години сите претходни состави беа на висина на задачата а во таа насока работиме и ние , сегашниот состав на советот на општина новаци во согласност со законските прописи и норми во интерес на народот кој не избра за да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани, да донесуваме одлуки кои позитивно ќе влијаат на локалниот економски развој на општината и на подобрување на стандардот на сите граѓани, да обезбедиме нови работни места, инфраструктурни проекти, можности за развој н забава на младите и слично.“ рече Славица Најдовска Стојковска, претседател на СОвет на Општина Новаци.
„ Наша обврска е да го обезбедиме економскиот развој за нашето население особено да ги задржиме нашите млади да останат овде во својата татковина каде и се родиле и тука да продолжат да живеат, да основаат свои семејства. Тоа ќе го направиме само ако вложуваме во инфраструктура, нови работни места, економски раазвој, квалитетен живот.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Во склоп на одбележувањето на празникот на Општина Новаци беше положено цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски од Новаци кој загина во конфликтот во 2001 година, свечена приредба по повод роденденот на детската градинка Бамби од Новаци и 67 години од основањето на ООУ „ Славко Лумбарковски“ од Новаци.