четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Одложено прскањето против комарци во Југоисточниот плански регион

Одложено прскањето против комарци во Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион соопшти дека најавеното прскање против комарци што требаше да се реализира во сите десет општини во регионот е одложено.

– Се известуваат граѓаните на Југоисточниот плански регион дека поради временските услови и обилните врнежи првото прскање против комарци се одложува. Ќе се изврши во текот на следната недела, за што јавноста дополнително ќе биде известена, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Прскањето требаше да се реализира утре во периодот од 4:30 до 9:30 часот.