Охридската библиотека „Григор Прличев“ го збогати својот библиотечен фонд со 120 нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи.
Директорот на установата Милчо Јованоски информира дека ова е прва од предвидените три јавни набавки, за кои од Министерството за култура добиле 450.000 денари. Набавката, како што посочи, содржи книги од сите жанрови од домашна и странска продукција во одделите за деца и возрасни.
– Не случајно библиотечниот фонд се збогатува токму сега на почетокот од летната туристичка сеозна со цел да им излеземе во пресрет на охриѓани, но и на посетителите своето слободно време да го поминат со нова и актуелна книга, изјави Јованоски.
На полиците на библиотеката за издавање се подготвени: „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре, „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин, „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли, трите во издание на Матица македонска, како и „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „Што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен во издание на Книгохоличари.
Библиотеката во Охрид за читателите е отворена секој работен ден од 8 часот и 30 минути до 16 часот, а годишната членарина е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни.