среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Охриѓанка казнета со 2000 евра: Требало да биде во домашна изолација, но излегла надвор

Охриѓанка казнета со 2000 евра: Требало да биде во домашна изолација, но излегла надвор

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 45 – годишна охриѓанка, која не постапила според донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое и била определена задолжителна домашна изолација со датум на започнување од 15 мај 2020 година.

При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата не била затекната во домот.

-Обвинетата со своите дејствија го извршила кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното, обвинителството му предложи на судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби, со определување на секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈОРМ.