четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Филипче нека се охрабри да дојде во болницата во Прилеп да види како пациентите молат за помош

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Филипче нека се охрабри да дојде во болницата во Прилеп да види како пациентите молат за помош

Во што ли се претвори болницата во Прилеп? Во хорор ли? Знае ли менаџментот да менаџира со болницата? Со полна уста се зборува за модуларната болница а таа не е во функција. Бројот на починати достигна до 291. Активните случаи се над 800 . Дали овој нов бран ги изненади властите? Или како што велат вината е во граѓаните кои не се придржувале до препораките?, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Пациентите ли се виновни што мора да чекаат со денови за да се тестираат? Пациентите ли се виновни што за преглед мора да чекаат со часови и часови? Пациентите ли се виновни што не можат да закажат специјалистички преглед преку „ мој термин“ речиси една година? Дали е вистина дека докторите добиле усна наредба да примаат само итни случаи? Ќе излези ли менаџментот да каже колку здравствени работници се позитивни на корона вирусот и дали болницата е ново жариште ? Наместо, министерот Венко Филипче да објавува секојдневна статистика за број на заразени починати и оздравени и да ретерира околу набавката на вакцини, нека се охрабри да дојде во болницата, а не во Општината, за да види како стојат работите на терен, да види како пациентите со часови чекаат во редица и молат за помош. Да провери на што ли се должи високата смртност?, подвелкуваат и додаваат:

„Им изразуваме поддршка на лекарите, медицинските сестри и другиот персонал во нивната заложба за зачувуање на животите на граѓаните. И патем менаџментот да одговори дали за сите е исплатена ветената награда? Апелираме властите да станат сериозни, да ја менаџираат здравствената криза и да го зачуваат здравјето на граѓаните“.