недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово: Елитата на власт во Берово и нејзиното нетранспарентно и отчетно работење

ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово: Елитата на власт во Берово и нејзиното нетранспарентно и отчетно работење

ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, повторно излезе со соопштение за јавноста и граѓаните на Берово и Малешевијата, во кое ги изнесува матните и пристрасни вработувања на партиските послушници на локалната власт. Во третото продолжение од нивната реакција се осврнуваат на неколку вработувања во институциите во градот, за кои како што велат по заслуга и амин на елитата на власт на крајот некој ќе одговара.

Еве ја во целост нивната реакција:

Продолжуваме каде што застанавме, во разобличувањето на елитата на власт во Берово и нејзиното транспарентно и отчетно работење. Претседателката на советот на општина Берово, инаку блиска и послушна соработничка на Пекевски, првин беше вработена како наставничка по Француски јазик во основното училиште и воедно од таму продолжи како советник во советот на општина Берово.

Малку беше да биде само советник, па успешно станува претседателка на советот поради сплет на други околности. Бидејќи не се пронајде во образованието, реши да си дојде експресно до решение во библиотеката во склоп на домот на културата „Димитар Беровски“. Имаме претходна приказна, кој не успева да дојде до решение на неопределено време во училиштето, оди на оглас или во општината, или во некоја од институциите под општината.

И ова работно место трпи специјална измена на правилникот за систематизација, по наредба на Пекевски, за да може да се вметне и видот на образование на претседателката на советот, затоа што за библиотекар беше предвидено да биде некој што има завршено Македонски јазик, а не Француски јазик. Побогу, ништо лично против Францускиот јазик, но се уште живееме во Македонија. Меѓутоа, кај нас се’ е можно со ваквата структура на локална власт, биро за вработување по желба и заслуга. Важното во ситуацијата е дека на огласот се пријавуваат уште дополнително две кандидатки, од кои едната има завршено Македонски јазик и воедно е самохран родител. Но за жал, не е важен тој статус, важно е партиска заслуга и послушност.

Еклатантен пример за бескрупулозниот и нетранспарентен однос на елитата на власт во Берово.
За жал, ова не завршува овде. По примерот на екс генсекот Кирацовски, со истата пракса и приказна е и кланот во Берово. Успешните приказни надалеку се шират. Добрата државна пракса уште подобро се развива и како локална пракса. Својата партиска фризерка ја вработија првин како товарач во Македонски Шуми.

Родова еднаквост, нема зошто да се чудите, кај нас во Берово жените се силни и извршуваат тешки товарни работи. Но изгледа не и се погоди тешката физичка работа, па потоа поради други заслуги, експресно ја презедоа во МВР во Берово. Дека најсезнајни и најуспешни се фризерките, посебно кога се работи за институција како МВР. Но елитата не би била елита, односно СДС не би бил СДС во Берово, ако по истиот партиски клуч не вработи и некоја собарка. Ни помалку ни повеќе, на работно место со безбедносен сертификат во МВР. Очигледно дека собарките од туристичките комплекси низ Берово се малку позаслужни од останатите соодветно образовани. Лечиме компплекси елитно.

Да не го заборавиме во оваа епизода и самопрогласениот крал на Ромите од Берово. Блискиот роднина од соседно Делчево кој доаѓа само за избори во Берово и собира гласови за сопствено лично пазарење со власта, за лично богатење и лична корист, си ја вработи внуката во детската градинка, а зетот, односно кралот, по желба си менува работни места на секои три месеци каде што ќе му се посака. Во исто време бесправно држат социјален стан, за кој навистина биле релевантни пред некоку години да го добијат. Но не се и сега. Ни случајно нема никаква непотистичка врска тука.

Но, Пекевски многу многу не е загрижен за оваа ситуација, нему му е важно самопрогласениот крал да ги малтретира Ромите од Берово за избори и да му носи гласови, барем да си ги отплати работните места и кралскиот статус.
Господо елито од СДС, за ова некој ќе одговара.

Продолжува…