Локалниот лидер на СДС во Битола, конечно да одговори за состојбата во Затворот во Битола.
Кулминацијата на траумата од долгиот опозиционерски стаж и екстремно лошото, за среќа, кусо практикување локална власт, колку што се поизвесни парламентарните избори станува поекстремна и кулминираше деновиве.
И повторно, исклучиво со лаги, манипулации и лични дискредитации.
Господо од СДС, немојте да мислите дека граѓаните и јавноста имаат кратко памтење.
Цело време зад партиската говорница фрлате отров и чисти лаги и инсинуации, а Вашиот локален лидер, Драган Крајовски, остана нем и затворен, скриен и не се одважи да им одговори на ниту едно поставено прашање на граѓаните.
Ако, во меѓувреме е променет од позицијата, барем тоа требаше да го обзнани.
Така е чесно и одговорно. Ама, ајде што да правиме кога тоа не е ваша одлика.
И во оваа прилика, во името на вистината, повторно го прашуваме претседателот на СДС Драган Крајовски:
– дали тој лично одлучува кој ќе ги користи бенефициите и кој ќе престојува во отвореното одделение?
– дали е вистината дека дисциплината во Затворот е катастрофална?
– кој е исходот од контролата од Управата за извршување санкции?
– дали и натаму го оштетува буџетот на Затворот, заради тоа што вработените своите прекувремено одработени саати се принудени да си ги наплаќаат преку суд?
За вас едно дополнително и клучно прашање:
– директоре Крајовски, дали е во функција пречистителната станица во Затворот и дали тоа значи очигледна еколошка катастрофа за Битола и битолско ?
Крајно време е да одговорите на поставените прашања
Барем тоа и го должите на јавноста.