четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци со повик до кавадарчани да го ажурираат своето членство и да се приклучат во борбата против антинародната власт на Заев и СДСМ

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци со повик до кавадарчани да го ажурираат своето членство и да се приклучат во борбата против антинародната власт на Заев и СДСМ

Црнило ја завило Република Македонија со СДСМ  на власт. Државата тоне во сите сегменти. Дозволете ми во име на најголемата и најмоќната организирана политичка структура во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ да ги повикам сите членови да го ажурираат своето членство. А сите симпатизери  и неопределени граѓани на општина Кавадарци да ни се приклучат заедно во оваа борба против антинародната и недемократска власт на СДСМ и Зоран Заев, истакнуваат денес од ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

-Да ја отпочнеме битката на чело со претседателот Христијан  Мицкоски и да ја поразиме оваа ненародна власт, изјави денес на прес конференција секретарот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Гоце Ангеловски.

Тој додаде дека ажурирањето на членството почнува од 1-ви декември, кое ќе се врши во општинските комитети на партијата ширум државата.

Ангеловски ги потсети кавадарчани дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на браникот на националните и државните интереси на Македонците и на татковината.

-Кавадарчани знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е првата демократска партија во независна Македонија која ги предводела и ќе ги предводи демократските процеси во државата. Кавадарчани знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во чие време се преземаат најголемите економски проекти, даночни ослободувања, намалување на невработеноста, реформи во здравството и образованието, подобрување на животниот стандард на граѓаните, покачување на пензиите, воведување на голем број на проекти за студентите и ред други проекти кои се од големо значење за сите граѓани на Македонија, истакна тој.

Ангеловски ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на средба со претседателот Христијан Мицкоски во сабота во партиското седиште во Кавадарци во 18 часот.