петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Опаѓа бројот на запишани првачиња во Општина Гевгелија

Опаѓа бројот на запишани првачиња во Општина Гевгелија

За разлика од претходната година, кога во училишните клупи во Општина Гевгелија седнаа 234 првачиња, годинава резултатите од задолжителниот упис што заврши претходниот месец, покажуваат дека нивниот број се намалил за уште 14.

Во новата учебна година во прво одделение се запишале вкупно 220 деца од кои најмногу, поточно 93 во ОУ „Крсте Мисирков“. Од нив тројца наставата ќе ја следат во подрачното училиште во село Моин.

Во ОУ „Владо Кантарџиев“ се запишани вкупно 90 првоодделенци од кои 77 во училиштето во градот, 10 во подрачното училиште во Богородица и тројца во подрачното училиште во Мрзенци.

ОУ „Ристо Шуклев“, од Негорци запиша 22 деца во прво одделение од кои 17 наставата ќе ја следат во Негорци, четворица во подрачното училиште во Прдејци и едно дете во училиштето во село Кованец.

Во училиштето во Миравци се запишале 15 првачиња од нив 11 ќе учат во Миравци, тројца во подрачното училиште во село Давидово и едно во училиштето во село Милетково.