Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2022 година.
Финансиската поддршка за овој повик, согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти. Начинот на аплицирање и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/jave-povik-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija/.
Покрај овој повик, на веб страната на општината на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zdruzenija-i-fondacii/, објавен е и јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2022 година. Средствата од овој повик, ќе бидат доделени за проекти во приоритетните области и цели кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, еднакви можности, здравство и екологија. Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.000.000, 00 денари.
Критериумите и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите, се наведени во јавните повици, а рокот за пријавување е до 26.05.2022 година.